Мароко го победи Камерун со 2:0 синоќа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, го отвори резултатот во 26. минута. Играчот од средниот ред на ПСВ, Исмаел Саибари, во 74. минута ја потврди победата на домаќините.
Мароко се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот Алжир-Нигерија.
Бранител на трофејот од минатото издание на турнирот е Марко.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: