Летово се зборуваше за потенцијална разделба на Марко Арнаутовиќ со Интер, но искусниот напаѓач дефинитивно ќе остане во редовите на „нероаѕурите“.
Шампионот на Италија сакаше да го растовари буџетот, а дел од тој план беше и разделбата со играч кој на 35 години има плата од 3,5 милиони евра.
Сепак, Арнаутовиќ изрази желба да остане, што беше одобрено по низа разговори. Австрискиот фудбалер на тој начин ќе биде еден од четворицата напаѓачи во тимот, со Лаутаро Мартинез, Маркус Тирам и моментално повредениот, Мехди Тареми.