„Марка“: Барселона остана без пари за реконструкција на стадионот, ќе бара нов кредит

Речиси ниту еден голем градежен проект, во последно време, не може да избегне одложувања и пречекорувања на трошоците, а работата на стадионот „Спотифај Камп Ноу“ и целиот комплекс „Еспаи Барса“ не е исклучок.

Не само што реновирањето е одложено во споредба со првичните планови, туку и заемот од 1,45 милијарди евра, кој го обезбеди „Голдман Сакс“, се покажа како недоволен. На Барселона ѝ требаат повеќе пари за да го заврши својот амбициозен проект, пишува „Марка“.

„Раководството предводено од Жоан Лапорта утврди дека планираните финансиски средства нема да бидат доволни за да се заврши проектот „Еспаи Барса“,, објави Диари Ара“.

Сепак, за да обезбеди дополнителни средства, Лапорта мора да побара одобрение од претставниците на клубот.

Се разгледува свикувањето на вонредното собрание веќе следниот месец, во јули, на кое новоизбраниот претседател би назначил ново административно тело, а на дневен ред би можеле да бидат вклучени и други точки. Друга опција е да се почека со тоа барање до Редовното собрание на почетокот на следната сезона.

Средствата од 1,45 милијарди евра, добиени благодарение на група инвеститори предводени од консултантската куќа „Голдман Сакс“, полека се трошат, а „Спотифај Камп Ноу“, сè уште не е завршен.

Истото важи и за другите објекти во рамките на амбициозниот проект, како што се салата „Палау Блауграна“ и урбанизацијата на околината на стадионот. Затоа, каталонскиот клуб има потреба од нов заем за да ги реализира планираните планови, поради што Лапорта мора да побара од членовите да одобрат нови задолжувања.

Во моментов, стадионот ја помина фазата 1Ц, што овозможи капацитетот да се зголеми на 62.657 гледачи пред неколку месеци. Работата сега е фокусирана на поставување два ВИП прстени и трета трибина.

По изготвувањето и доставувањето на целата потребна документација, Барса чека градската влада на Барселона да ги одобри новите фази и да утврди колку седишта може постепено да се додаваат во секоја од нив.

Се очекува тековната фаза, во која се завршуваат 9.400 ВИП седишта, да се продолжи до летото 2027 година. За последниот дел, кој вклучува изградба на компресивни прстени и покрив, Барселона повторно ќе мора привремено да се исели од својот стадион, но сè уште не е познато каде ќе игра. Тоа преместување е планирано за почетокот на сезоната 2027/2028.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО