Марк ван Бомел е нов селектор на нациоанлниот тим на Белгија.
Некогашниот тренер на тимови во германската и холандската лига, за свој следен чекор ќе ја има селекторската работа на клупата на „црвените ѓаволи“.
Договорот на Ван Бомел е со важност од две години – до 2028 година и тој ќе го замени Руди Гарсија како селектор, кој ја напушти својата позиција по СП.
Холанѓанецот работеше и на клупско ниво во Белгија, каде што го водеше тимот на Ројал Антверпен.