Мари-Луиз Ета стана првата жена тренер на меч во Бундеслигата

Мари-Луиз Ета си обезбеди место во фудбалската историја како прва жена тренер на натпревар во Бундеслигата.

Таа беше на клупата на Унион Берлин во победата над Дармштад од 1:0 во 19-то првенствено коло. Таа ја превзеде функцијата од Ненад Бјелица кој беше суспендиран по инцидентот со Лерој Сане во поразот на Унион Берлин од Баерн Минхен, 0:1 минатата недела.

Ета (32) која е освојувачка на титулата во женската Лига на шампиони (ЛШ) со Турбине Потсдам во 2010-та, дојде да работи со првиот тим на Унион Берлин минатата година. Сезонава беше назначена за помошник тренер на првиот тим.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО