Манчестер Сити влегува во нова ера по заминувањето на Пеп Гвардиола, а клубот веќе подготвува огромна реконструкција на тимот вредна дури 200 милиони фунти.
Челниците на Сити планираат три големи трансфери ова лето, така што Енцо Мареска веднаш ќе добие тим способен да ја продолжи својата доминација во Англија и Европа.
Иако многумина веруваат дека заминувањето на Гвардиола ќе означи крај на една ера и голем пад за Сити, луѓето во клубот веруваат дека структурата што ја изгради Шпанецот е доволно силна за да го одржи клубот на врвот и без него.
Извршниот директор Феран Соријано, кој останува во клубот, ќе игра клучна улога во транзицијата, додека новиот спортски директор Уго Вијана ќе го води преодниот период.
Според извештаите во Англија, Сити веќе сериозно размислува за трансферот на Елиот Андерсон, кој е означен како еден од приоритетите за средниот ред.
Исто така, постои интерес за десниот бек на Брентфорд, Мајкл Кајоде, едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона.
Третата голема цел треба да биде уште еден елитен играч од средниот ред, особено затоа што Бернардо Силва го напушта клубот заедно со Гвардиола.
Извори блиски до Сити тврдат дека доаѓањето на Мареска нема да ги промени плановите за трансфери, бидејќи италијанскиот стручњак е целосно вклучен во проектот и ги поддржува целните засилувања.
Клубот верува дека континуитетот е најголемата сила на Сити.
Мареска веќе работел во системот на Пеп Гвардиола и добро ја познава структурата на клубот, поради што челниците на Сити го гледале како идеален наследник, наместо некое „поголемо“ тренерско име.
Сити наводно веќе размислува неколку години однапред, па младиот напаѓач на Борнмут, Ели Крупи, е означен како голема цел за во иднина, иако трансферот не е реален пред 2027 година.
Според англиските медиуми, клубот е убеден дека дури и без Гвардиола, ќе остане една од најпосакуваните дестинации во светскиот фудбал.
Foto:EPA