Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Андреас Кристенсен од Барселона, пренесуваат британските медиуми.
Кристенсен не е стандарден во тимот на Барселона, но оваа сезона успеа да собере 18 натпревари за каталонскиот клуб во сите натпреварувања.
Данскиот фудбалер пристигна во Барселона во 2022 година од Челзи и има договор со каталонскиот клуб до јуни 2026 година.
Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед подготвил одлична понуда за него, а Барселона е подготвена да ја намали висината на обештетувањето поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа шампионот на Шпанија.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека Кристенсен би бил идеално засилување за „црвените ѓаволи“.
Интерес за стоперот покажа уште еден клуб од Премиер лигата – Њукасл, но тамошните медиуми му даваат поголеми шанси на клубот од „Олд Трафорд“.