Манчестер јунајтед купи двајца дефанзивци од Баерн Минхен, пренесува Фабрицио Романо. Најпрво беше договорен трансферот на десното крило, Нусаир Мазрауи (26) за 20 милиони евра, со можни бонуси, а потоа „падна“ и договорот околу стоперот Матијс де Лихт (24) за 45 + 5 милиони евра.
Се чини дека Јунајтед на тој начин го реши прашањето во одбраната за претстојната сезона. Претходно од Лил беше доведен и стоперота Лени Јоро за 62 милиони евра.
Паралелно со двете набавки беше договорена и една продажба во Манчестер, на десниот бек ,Арон Ван-Бисака кој ќе замине во Вест хем, за 17,5 милиони.
Ова ќе биде трет клуб во Де Лихт и Мазрауи ќе играат заедно. Тие почнаа во Ајакс, каде под водство на сегашниот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Де Лихт потоа замина во Јувентус 2019 година за 85,5 милиони евра. По три години беше продаден на Баерн за 67 милиони, а Баварците истата година бесплатно го донесоа и Мазрауи од Ајакс.