Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ќе остане на функцијата во англискиот клуб. Според Атлетик, „црвените ѓаволи“ планираат и следната сезона да ја почнат со Тен Хаг на чело на тимот.
Новите сопственици на Манчестер јунајтед веруваат дека на Ерик тен Хаг не му биле овозможени сите услови за да успее. Дополнително, тие го земаат предвид и финансискиот аспект, отпуштањето на тренерот и потрагата по нов тренер ќе бара дополнителни инвестиции. Тен Хаг стана менаџер на Манчестер јунајтед во летото 2022 година, приклучувајќи му се од холандскиот Ајакс.
Тен Хаг (53) го водеше тимот на 109 натпревари во сите натпреварувања, од кои неговиот тим победи на 65, загуби 29 и на 15 ремизираше. „Црвените ѓаволи“ се на шестото место на табелата во Премиер лигата, со 54 бода и заостануваат 13 бода зад зоната во Лигата на шампиони.