Манчестер Ј. сака да се „отараси“ од него, но Циркзе не сака да си оди

Центарфорот на Манчестер Ј., Џошуа Циркзе не планира да го напушти Манчестер оваа зима.

Јувентус е сериозно заинтересиран да го врати 23-годишниот Холанѓанец на Апенините, но очигледно фудбалерот не сака назад. Засега Манчестер Ј. и Јувентус немаат напредок во преговорите за Циркзе.

Самиот играч им потенцирал на луѓето од управата дека сака да остане во Премиер лигата и да се докаже во Манчестер Јунајтед. Џошуа постигна четири гола и има две асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО