Манчестер Јунајтед е подготвен да го продолжи договорот со шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминај. Минатата година ова време, Манчестер Јунајтед беше отворен за понуди за Мектоминај, кој привлече интерес од Вест Хем и Њукасл.
Сепак, шкотскиот ас стана еден од истакнатите играчи на „црвените ѓаволи“ минатата сезона постигнувајќи десет гола, па сега Јунајтед не сака да остане без него. Според некои информации, од „Олд Трафорд“ веќе ја одбиле првата понуда за него од турски Галатасари, додека Фулам се распрашувал за неговиот потпис, како замена за Жоао Палиња.