Малерозниот Грилиш повторно се повреди

Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, принудно беше заменет во 21-та минута на вчерашниот меч со Копенхаген во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ)..

Медиумите во Англија објавија дека офанзивецот на „граѓаните“ почувствувал болка во препоните и дека ќе мора да оди на дополнителни прегледи.

Грилиш вчера го имаше првиот старт по паузата од пет недели и натпреварот од третото коло на ФА купот против Хадерсфилд на 7 јануари.

Менаџерот Пеп Гвардиола се надева дека повредата на Грилиш не е посериозна и оти тој ќе му биде на располагање веќе за саботниот дуел против Челси во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО