Француската влада го подигна нивото на терористичка закана во земјата на највисоко ниво. На Летните олимписките игри (ЛОИ) 2024 година во Париз ќе има досега невидено ниво на безбедносни мерки.
– Никогаш нема нулта ризик во животот. Тешкотијата е што секогаш постојат елементи на ризик. Правиме се’ што е во наша моќ тоа да го спречиме. Можам да ви кажам: да, ќе бидеме подготвени.
Дефинитивно правиме се’ што можеме за да се подготвиме за церемониите на отворањето и затворањето, како и за другите настани за време на Олимписките и Параолимписките игри. Ова е многу сериозна работа за нашите разузнавачки служби, полиција, жандарми и војска, рече Макрон.