Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот.

Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Имаме млада и полетна екипа. Треба да го практикуваме стилот што го прикажавме на Светското првенство. веруваме во позитивен исход и ќе се бориме максимално, изјави Лазаров.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО