Македонската олимписка експедиција се комплетираше во Париз. На атлетичерот Дарио Ивановски кој извесен период се подготвуваше во Франција, од вчера му се приклучија и Владимир Егоров (Борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Милијана Рељиќ (таеквондо).
Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис). Знаменосци на свеченото отворање на ОИ ќе бидат Дарио Ивановски и Милијана Рељиќ.