Македонските одбојкари подготовките ги започнуваат порано од предвиденото

Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од претходно договореното.

Селекторот Јошко Миленкоски побара, а Федерацијата одобри најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на шести мај во Крушево.

Ова е прв дел од подготовките за настапот на ЕП 2026 во септември во Софија.

Првиот дел од подготовките Миленкоски и неговите избраници ќе ги одработат во Крушево, додека останатиот дел од програмата нема да претрпи промени.

Од 13 мај репрезентацијата ќе биде стационирана во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се подготвува две недели. Финалната проверка на формата Македонија ќе ја има со пријателски натпревари со Црна Гора, во периодот од 27 до 29 мај во Подгорица.

Машката репрезентација првиот турнир во Европската лига 2026 го игра на домашен терен, односно во салата „Парк“ во Струмица, каде на 5 јуни ја пречекува Холандија, додека на 7 јуни игра против Луксембург.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО