Јован Пармачки и Матеја Смолиќ ќе учествуваат на светски младински камп од 3 до 13 декември во Кина. Македонските пингпонгари ќе ги води селекторот Сашко Богатинов, а кампот е во организација на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF) и Пингпонгарската федерација на Народна Република Кина.
– Соработката со Амбасадата на Народна Република Кина веќе ги дава првичните резултати за што претходно ги информиравме медиумите по одржаната средба со Н. Е. госпоѓа Џијанг Сјаојан, Амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија, соопштија од МТТА.
Кампот ќе се одржи во градот Чендгу каде ќе се сретнат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.
За Пармачки и Смолиќ престојот во Кина ќе биде добра можност за стекнување искуство во друштво на најперспективните пингпонгари од целиот свет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: