Македонската тенисерка Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман од Швајцарија не успеаја да стигнат до трофејот во двојки на ВТА 125 Челинџерот во Љубљана, Словенија, што се играше за награден фонд од 100.000 евра. Тие го загубија финалето од италијанско-шпанската комбинација Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5:7, 7:5, 10:7 на поени) за 1 час и 47 минути игра.

Во првиот сет во стартните шест гема имаше брејк и по 5:5 во гемови Ѓорческа и Тајхман го направија решавачкиот брејк за 6:5 и потоа го добија сетот со 7:5 за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет имаа водство од 3:1 и 4:2 во гемови, а во 10 гем не искористија и меч топка. Сетот противничките го добија со 7:5 во гемови.

Во решавачкиот сет на поени Ѓорческа и Тајхман поведоа со 4:1 и 7:6 на поени, но до крајот на мечот ривалките имаа серија од четири поени и сетот го завршија со 10:7 на поени. За пласманот во финалето македонско-швајцарската комбинација ќе добијат по 81 поен и 2.170 евра како двојка.

Ова за Ѓорческа беше второ финале во двојки на ВТА турнир, првото го играше 2017 година на Бол на Брач (двете ги загуби). Нашата тенисерка го играше вкупно 73 финале во двојки и остана на 47 турнирски победи.

Во текот на следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Пазарџик, Бугарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО