Македонските jуниори обезбедија финале на ЕП, Б-дивизија

Македонската jуниорската кошаркарска репрезентација на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија ја победи Бугарија со 92:68 и обезбеди настап во финалето што се одржува во Скопје, а истовремено обезбеди место и во А-дивизијата.

По петте победи во групната фаза, македонските кошаркари продолжија со одлични игри, ја елиминираа Португалија, а вечерва покажаа сила и во дуелот против Бугарија. Македонија водеше од почетокот до крајот на оваа средба, одигра перфектен натпревар, кој покажува светла иднина на нашата кошарка.

Со оваа победа, Македонија покрај што се пласира во финалето, обезбеди место и во елитната дивизија во следното издание на еврошампионатот. Во мечот за европската титула во Б-дивизијата, нашите кошаркари ќе играат со Полска или Австрија.

Финалето на ЕП Б-дивизија е закажано во недела во СЦ „Борис Трајковски“ од 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО