Македонија поразена и од Мароко на Били Џин Кинг Купот

Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот, кој се игра во Бања Лука.

Нашиот тим загуби од Мароко со максимални 3-0.

Со овој пораз Македонија го освои последното место во групата што значи и испаѓање од оваа зона и следната година нашиот тим ќе игра во Третата Европска зона.

Преостанува да се одигра и мечот за пласман. Во вториот дуел од групата, Бугарија го совлада Египет со 3-0.

Првото место во групата го освои Бугарија со 4-0 (победи-порази), пред Јужна Африка 3-1, Мароко 2-2, Египет 1-3 и Македонија 0-4.

Бугарија и Јужна Африка утре ќе играат за пласман во Првата зона, а противниците ќе бидат познати по завршувањето на мечевите од групата А: Грција – Финска и БиХ – Кипар. Во оваа група, Грција е прва со четири победи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО