Македонија ЃП пресече: Спогодбено е раскината соработката со тренерот Џангаровски

По денешниот пораз од Воска спорт на домашен терен, управата на Македонија Ѓорче Петров ја извести јавноста дека се разделува со актуелниот тренер, Тони Џангаровски.

Прволигашката екипа денеска беше поразена на домашен терен и дефинитивно тоа ја прели чашата, па попладнево ја информации спортската јавност дека во иднина ќе има нов тренер.

– Почитувани, Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Тони Џангаровски, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 3 месеци. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.

За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Тони Џангаровски и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО