Македонија без Барди против Хрватска и Чешка

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни натпревара на почетокот од јуни, на гости против Хрватска, на 3-ти во Риека и против Чешка на 10-ти јуни во Храдец Кралове.

Но селекторот Благоја Милевски на овие мечеви не ќе може да смета на капитенот, Енис Барди кој се повреди на последниот меч за Трабзонспор и како што изгледа повредата воопшто не е наивна.

Станува збор за повреда на рамото, која бара мирување, па така според информациите кои доаѓаат од Турција, Барди ќе мора да ги пропушти двата репрезентативни натпревари.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО