„Македонецот“ Шортс ја предводи најдобрата петорка во Еврокупот

Сезоната во Еврокупот заврши, останува уште да го добиеме победникот. За трофејот, во француското финале ќе се борат Париз и Бург. Победникот наредната сезона ќе игра  во Евролигата.

Во понеделникот, Еврокупот ја избра идеалната петорка на сезоната, ја предводи натурализираниот Македонец, Ти-Џеј Шортс.

Ти-Џеј Шортс (Париз)

Плејмејкерот со македонски пасош го предводеше Париз до најдобриот скор во Еврокупот. Париз сезонава забележа 20 победи и само еден пораз, од Бешикташ. Шортс е втор стрелец и прв асистент во Еврокупот. Има просек од 18 поени и 7,5 асистенции по натпревар.

Тревион Вилијамс (Улм)

Најдобриот скокач на Еврокупот (10,8 скока по натпревар во просек). Вилијамс сезоната ја заврши со дабл-дабл просек од 14,8 поени и 10,8 скока. Тој беше најважниот играч на германскиот шампион.

Габе Оласени (Лондон Лајонс)

Британецот сезоната во Еврокупот, во која Лондон дојде до полуфиналето ја заврши со просек од 15,5 поени и 7,5 скока по натпревар.

Исаја Мајк (Бург)

Канаѓанецот е најдобриот играч на Бург оваа сезона. Неговиот просек по натпревар до финалето е 12,8 поени и 4,2 скока.

Мет Морган (Лондон Лајонс)

Петтиот најдобар стрелец на натпреварувањето во просек постигнува 16,5 поени и бележи 3,9 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО