Маџари по продолжение го совлада ТФТ за стартно водство во полуфиналето

Кошаркарите на Маџари поведоа со 1:0 во победи против ТФТ во полуфиналето до плеј-офот.

Првиот од максимално можни три натпревари, се одигра вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во градски парк.

Тимот на Маџари направи „брејк“ и славеше над ТФТ со 82-84 и тоа по продолжение.

Во првиот квартал двата тима имаа свои добри периоди на игра, дуќаните на почетокот, а гостите во финишот. Затоа Маџари беше оној кој на првата пауза замина со позитива (16-19).

Гостинскиот тим на средината на втората четвртина водеше и со најголеми +9 (24-33), но на полувреме Маџари замина само со поен предност 34-35.

На стартот на второто полувреме двете екипи правеа брзоплети грешки. Во таквата игра, за нијанса подобро се снајдоа избраниците на Боро Смилковски, па ТФТ во последниот период влезе со +4 (56-52). Маџари силно ја започна последната четвртина со десет не одговорени поени и поведе со 56-62. Во 36.минута гостите имаа и најголеми +11 (62-73).

Но, ТФТ не се откажа. На сцена стапи Говенс кој со три тројки во низа го израмни резултатот. Маџари не реализира во својот последен напад, а ТФТ имаше 2,7 секунди за тоа, но и тие не успеаја. Резултатот остана не променет 73-73, па се играа дополнителни пет минути.

Следниот втор натпревар ќе се игра дури на 12 мај, бидејќи во меѓувреме ТФТ го чекаат двата бараж дуели со Борац Чачак за влез во АБА-1 лигата.

28 поени имаше Говенс, 19 поени дојдоа од Ташовски (плус по три скока и асистенции). Плус осум поени и 15 скока забележа Гордон, а седум поени и 10 скока оствари Дејвис.

Во второто полуфинале, шампионот МЗТ Скопје Аеродром за противник го има битолски Пелистер.

Првиот дуел овие два тима ќе го играат во Скопје во среда (6 мај) од 19 часот

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО