Лукаку се договорил со Наполи, се чека одговор од Челси

Наполи активно преговара со Челзи за трансферот на Ромелу Лукаку. Откако претходно се дозна дека напаѓачот се договорил со наполитанците за тригодишен договор со плата од шест милиони евра годишно, без бонуси, сега на ред се двата клуба да ги завршат формалностите околу обештетувањето.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Наполи е подготвен да плати 25 милиони евра и бонуси за Лукаку, но Челси за Белгиецот бара најмалку 35 милиони евра.

Клубовите не се откажуваат од преговорите, што значи дека ќе се обидат да се најдат некаде на средина. Минатата сезона Лукаку одигра 32 натпревари за Рома во Серија А како позајмен играч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО