Лукаку ќе остане во Серија А?

Белгиецот Ромелу Лукаку, 31-годишниот напаѓач, се договорил со челниците на Наполи. Италијанските медиуми велат дека луѓето од Неапол му понудиле на Челси околу 25 милиони евра, седум милиони повеќе од претходната понуда за да го откупат договорот.

Лукаку пак, прифатил да потпише договор до 2027 година и да заработува околу 10 милиони евра по сезона, вклучувајќи и бонуси. Корпулентниот играч кој минатата сезона и’ беше позајмен на Рома, има договор со „сините“ до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО