Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува да импресионира во НБА-лигата, откако забележа уште една неверојатна партија и стана играчот со најмногу постигнати поени во првите четири натпревари од сезоната уште од далечната 1962 година.
Ѕвездата на Далас Маверикс досега има вкупно 167 поени, што е најдобар биланс во првите четири средби по легендарниот Вилт Чемберлејн, кој во сезоната 1962/63 имаше 200. Дончиќ во последниот натпревар повторно беше неприкосновен со 45 поени, 12 скокови и 8 асистенции, носејќи нова победа за Далас.
Со ваков почеток, Словенецот уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите индивидуалци во лигата и дека ќе биде главен кандидат за титулата МВП сезонава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: