Лука Дончиќ е најдобар стрелец НБА лигата!

Регуларниот дел од сезоната 2025/26 официјално е зад нас, а НБА лигата го круниса својот старо-нов „крал“ на стрелците. Лука Дончиќ ја заврши сезоната како најдобар поентер во најсилната лига на светот, со што само ја потврди својата доминација и местото меѓу најголемите кошаркари на денешницата.

За Словенецот ова е втора титула најдобар стрелец во последните три сезони, подвиг со кој стана само шестиот активен кошаркар во НБА со повеќе од една ваква престижна титула.

Она што го прави овој успех уште попосебен е фактот што Лука ова го оствари во својата прва целосна сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ стана само петтиот играч во богатата историја на оваа франшиза кој станал најдобар стрелец во лигата.

Поважно од сè, тој е првиот „езерџија“ на кој му успеало ова по легендарниот Коби Брајант во сезоната 2006/07.

Навивачите во „Крипто Арена“ конечно добија достоен наследник кој знае како да ги полни кошевите на противниците од вечер во вечер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО