Лук Шоу го пропушти денешниот тренинг на Англија

Лук Шоу го пропушти тренингот на репрезентацијата на Англија поради повреда, информираат медиумите на Островот.

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед е дел од тимот на Англија за УЕФА ЕУРО 2024 и покрај тоа што го пропушти поголемиот дел од сезоната 2023/24 на својата екипа поради повреда.

Меѓутоа, Лук Шоу не можеше целосно да ја врати својата физичка форма. Денешниот тренинг го одработил индивидуално.

Англија следниот натпревар на ЕП ќе го игра во вторник (25-ти јуни) против Словенија во нивниот последен меч од групната фаза на натпреварувањето. Средбата почнува од 21:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО