Не се смируваат страстите во Турција по неодамнешниот голем инцидент кој се случи на натпреварот меѓу Трабзор и Фенербахче.
Домашните фанови изреволтирани од поразот на својата екипа, влетаа на терен и почнаа да ги тепаат гостинските играчи, што во 21. век е нешто незапаметено.
Ситуацијата на табелата на осум кола пред крајот, Галатасарај има два бода повеќе од Фенер, но делува дека Фенербахче не размислува за титулата. По натпреварот во градот на црното море, се појави информација дека управата на Фенер размислувала дека повеќе не сака да биде дел од турското првенство и дека ќе отстапи од ова натпреварување.
Некои информации одат дури и чекор понапред и носат сензационална најава, а тоа е дека Фенербахче размислувал и за промена на лигата, односно дека сакале да се напреваруваат во првенства какви што се Франција, Италија, Холандија или Белгија, што би било нешто лудо во европски рамки.