Раководството на кошаркарската Евролигa соопшти дека се распродадени сите билети за овогодинешниот Фајнал Фор, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина.
Како што се наведува, последниот контингент билети бил пуштен денес и за кратко време бил распродаден.
„По огромниот интерес за билети во првата, втората и третата фаза, од кои секоја резултираше со целосна распродажба, последната преостаната продажба на билети во четвртата фаза беше пуштена денес и веднаш беше распродадена. Бидејќи ова е последната фаза на продажба, сите достапни билети за Фајнал Фор 2026 се целосно распродадени“, соопшти Евролигата.
Во четвртфиналето на Евролигата ќе играат: Реал Мадрид – Хапоел Тел Авив, Фенербахче – Жалгирис, Валенсија – победник од натпреварот Панатинаикос – Монако, и Олимпијакос против победникот од плеј-ин.