ЛШ: Премиер лигата остана без петтото место во следната сезона

Победата на Борусија Дортмунд над ПСЖ синоќа (1:0), како и ремито на Баерн Минхен со Реал Мадрид во вторникот (2:2), на Германија и донесе 18.356 поени на табелата на европските перформанси на УЕФА, пишува „Би-би-си“.

Дури и ако Астон вила ги добие двата полуфинални меча со Олимпијакос и триумфира во Лига Европа (ЛЕ), Англија може да достигне само 18.25 поени.

Тоа значи дека Германија ќе и се придружи на Италија за добивање на петтото, автоматско место во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона.

Двете земји би можеле да имаат по шест претставници, доколку Борусија Дортмунд ја освои ЛШ и заврши надвор од првите четири тима во Бундеслигата, а Аталанта или Рома триумфираат во ЛЕ.

Победниците во двете натпреварувања, автоматски ќе се квалификуваат во ЛШ следната сезона. Дополнителните места се додаваат без разлика колку клубови влегуваат на турнирот по вообичаениот метод.

Иронично, дури и да не триумфира, Борусија ќе биде во добивка бидејќи речиси е извесно дека ќе заврши на петтото место во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО