Ломаченко ќе паузира до крајот на годинава

Светскиот шампион во лесна категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Васил Ломаченко избра да не боксува до крајот на 2024 година, соопшти менаџерот на Украинецот, Егис Климас.

– Ломаченко сега не е расположен за бокс. Нема мотивација. Ќе се одмори и ќе ужива во времето минато со семејството. Парите не се главниот фактор кај него, изјави боксерскиот менаџер за ЕСПН.

Во соопштението се додава дека Ломаченко, иако имал понуда за меч со Џервонта Дејвис, не сакал да влезе во рингот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО