Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат со слабиот старт во новата сезона од Премиер лигата, откако синоќа беа поразени на гостувањето кај Брентфорд со 3:2. Поразот дополнително ја продлабочи кризата во редовите на актуелниот шампион.
Домаќините одиграа мотивирано и со голема агресивност, успевајќи уште во раната фаза да го изненадат фаворитот. Аутара во петтата минута донесе водство за Брентфорд, а Шаде на самиот крај од првото полувреме зголеми на 2:0.
Ливерпул се обиде да се врати преку Керк, кој погоди во судиското продолжение на првиот дел, но наместо целосен пресврт, тимот на Арне Слот прими уште еден гол по пенал што го направи ван Дајк. На крајот, Салах во 90. минута само го ублажи поразот, постигнувајќи гол по пет натпревари пауза.
По овој резултат, Ливерпул останува на шесто место со 15 бода, додека Брентфорд со оваа важна победа се искачи на десеттата позиција со 13 бода.
Ова е веќе четврти пораз на Ливерпул во првите девет кола, што е јасен сигнал дека тимот на Арне Слот влегол во сериозна резултатска криза и дека мора итно да реагира доколку не сака да ја загуби трката за врвот на табелата.