Ливерпул превзема конкретни мерки за ангажирање на Алонсо

Ливерпул го направил првиот официјален обид да го ангажира Чаби Алонсо за нов менаџер, по заминувањето на Јирген Клоп на крајот од сезоната.

Според „Билд“, Ливерпул одлучил да преземе конкретни мерки за да се договор со Алонсо (42) тој да биде нивниот следен менаџер.

Весникот тврди дека челниците на „црвените“ го контактирале агентот на Алонсо, Инаки Ибанез, во обид да го проценат нивото на неговото интересирање за враќање во Англија.

Повеќе имиња се поврзуваат со доаѓање на „Енфилд“, но Алонсо се смета за прв фаворит поради неговите постигнувања во Баер Леверкузен. Германскиот тим е во серија од 33 натпревари без пораз во сите натпреварувања сезонава.

Алонсо постојано одбива да зборува иднината, претпочитајќи да остане целосно фокусиран на успешно завршување на сезонава во Бундеслигата во која „фармацевтите“ се лидери со осум бода предност пред Баерн Минхен.

Баерн, исто така, ќе бара тренер на крајот од сезоната, бидејќи Томас Тухел реши да се повлече од функцијата што му остава можност на Алонсо да бира меѓу двата клуба.

Се спомнува дека Ливерпул е заинтересиран за Португалецот Рубен Аморим, како и за Германците Јулијан Нагелсман и Ханси Флик.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО