Македонија против ракометната репрезентација на Литванија ќе го игра клучниот дуел во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Нашиот национален тим загуби на гостински терен и дома мора да брка победа за да има шанси да патува на континенталниот собир или како второпласирана, или како една од најдобрите третопласирани екипи.
Списокот на литванската репрезентација:
Голмани: Вилиус Рашимас (Хафнарфјордур Хаукар, Исланд), Лукас Гурскис (Алпла Хард, Австрија) и Гидриус Моркунас (Вилнус Швиеса).
Леви крила: Паулиус Чесна (Драгунас), Мантас Урвикис (Швиеса) и Симас Буткус (Каунас Гранитас-Карис).
Леви бекови: Каролис Антанавичиус (Алпла Хард, Австрија), Гердас Бабарскас (Бергишер, Германија) и Каролис Стропус (Драгунас).
Средни бекови: Ајден Малашинскас (Бузау, Романија) и Бен Петреикис (Либек, Германија).
Пивоти: Андриус Монтвилас (Алитус Варса-Стронгласас) и Мартинас Лапинскас (Вилнус).
Десни крила: Миндаугас Думчиус (Дрезден Елбфлоренц, Германија) и Гитис Шмантаускас (Драгунас).
Десни бекови: Миколас Лапинијаускас (Драгунас) и Аланас Богдиунас (Швиеса).
Универзалци: Жанас Габриелиус Вирбаускас (Бакау, Романија) и Тадас Расакевичиус (Швиеса).
Литванија ја чека натпревар со Словенија која на овој собир е во трет состав, а потоа следи гостување во Скопје кај Македонија. Моментално, Литванците се втори на табелата. Дуелот Македонија – Литванија се игра на 11 мај од 18:00 часот.