По успешниот старт во игра на двојки, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со победа почна и во мечевите во сингл на турниот во Копер. Таа се пласираше во второто коло откако успеа да ја елиминира шестата носителка, Романката, Анка Алексија Тодони во два сета.
Лина го доби првиот со 6:4, а вториот поубедливо со 6:1 и ја исфрли шестата носителка на турнирот, воедно и 191. на светската ВТА листа. Во второто коло Ѓорческа ќе се соочи со Италијанката Дебора Киеза.