Лина Ѓорческа со победа во двојки го отвори турнирот во Марибор

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Марибор (Словенија) и тоа во конкуренција на двојки.

Ѓорческа на овој турнир соработува заедно со 27-годишната Мариам Болквадѕе од Грузија, комбинација која во првата рунда ги надигра домашните претствнички Бети Бутина Јазбец и Зоја Петернел.

Средбата на теренот број пет траеше 46 минути во кои Лина и Мариам доминираа со 6-1 и 6-1 обезбедија четвртфинале на овој настан кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 60.000 долари.

Македонката сега може да се фокусира на предизвикот во сингл, соочувањето со тинејџерката Петра Марчинко од Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО