Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов скок на ВТА листата која беше објавена денеска.
Ѓорческа во овој момент се наоѓа на 193. позиција и тоа е напредок за три позиции во однос на последното рангирање. Најдобриот ранкиг во кариерата за Ѓорческа беше 170. позиција.
Кога е врвот во женскиот тенис во прашање, туку има минимални промени на осмото и деветотот место. Напредок од едно места забележаа Марија Сакари и Барбора Крејчикова, а за две позиции падна Даниеле Колинс.