Лина Ѓорческа остана без финале во двојки

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа нема да игра во мечот за титула во конкуренција на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија откако Ѓорческа и Екатерине Горгодзе беа поразени од третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).

Македонската и Грузијката преку голема драма го загубија првиот сет во тај-брејкот со 8-6 за да во вториот видиме шест брејка во низа пред комбинацијата од Индија и Нов Зеланд го одбрани својот сервис, а потоа и го освои противничкиот за да потоа сигурно сервираат за 6-3 и пласман во големото финале на турнирот што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО