Лесор повторно на терените

Кошаркарот на Панатинаикос Матијас Лесор по неколку месечната пауза се врати на терените по повредата на скочниот зглоб. Тој доби „зелено светло“ од медицинскиот тим на клубот и за големи напори и се појави на тренинг. Сето ова е на два дена пред дербито со Олимпијакос, а тоа значи дека Лесор е на располагање на тренерот Ергин Атаман.

Сепак тој постепено ќе се враќа во натпреварувачки ритам.

Лесор имаше скршеница на ногата на 19.декември 2024 година и по неколку месечна пауза се врати на теренот и беше дел од Фајнл-форот во Абу Даби, но повторно се повреди и отсуствуваше речиси една година.

Фото: миа

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО