Легендата на „црвените“ бесна на Собослаи: „Глупаво и арогантно. Што прави“?!

Во дербито на третото коло во Премиер лигата на „Олд Трафорд“, Ливерпул го декласира Манчестер јунајтед со убедливи 3:0.

Според се што се виде на теренот, Ливерпул моеже и требаше да му нанесе уште еден тежок пораз на Јунајтед, налик на оние од 5:0, 4:0 и 7:0 во последните две, три сезони.

На полувремето Ливерпул водеше со 2:0 со головите на Луис Дијаз на асистенција на Мохамед Салах, а Египјанецот на почетокот од вториот дел постигна гол за 3:0 на асистенција на Доминик Собослаи.

Непосредно пред крајот на натпреварот, унгарскиот ас на „црвените“ го налути стручниот телевизиски коментатори, Џејми Карагер, легендата на Ливерпул.

Собослаи се најде сам пред голманот на Јунајтед и место да шутира и без проблеми да погоди, одбра да чека да се вратат противничките дефанзивци и да ги дрибла! Но тие го изблокираа и големата шанса на Ливерпул пропадна.

„Што прави? Дали се ку*чи? Ливерпул има два гола предност, а Собослаи пропушта да го постигне третиот.

Ако Јунајтед сега ја намали разликата, навивачите ќе збеснат. Вчера видовме што му се случи на Евертон. Ова е глупаво, лудо од Собослаи, многу непрофесионално“! беше незадоволен Карагер, иконата на Ливерпул, за однесувањето во таа ситуација на Собослаи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО