Легендата на Партизан: Да беше Доузер здрав, немаше да биде во Белград, туку во НБА!

Сезонава која ја игра Партизан во Евролигата, е дебитантска за Пи Џеј Дозиер, а многумина сметаат дека доколку тој  нема проблеми со колената, ќе биде играч за повисоки дострели.

Поранешниот прославен ас на Партизан, Жарко Паспаљ, го тврди ова и смета дека доколку биде потполно здрав, тој на секој натпревар ќе уфрла по 25 поени за „црно-белите“ од Белград.

Во неколку натпревари, кога отсуствуваше капитенот Кевин Пантер, тој беше човекот кој ја презеде иницијативата на терен и беше еден од најдобрите кошаркари во редовите на „црно белите“.

-Доузер има проблем со колената, но игра кошарка за милион долари, иако не е платен според неговата вредност. Тоа момче да имаше две здрави колена, немаше да биде во Партизан, ќе беше во НБА и ќе заработуваше барем по 20 милиони долари по сезона, тврди Жарко Паспаљ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО