Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров по мечот со Германија изјави дека повторно беа направени многу технички грешки.
-Не можам да бидам задоволен од играта против Германија. Одбраната беше лоша, повторно имавме лесно продадени топки, дури 15. Германците се силни, ние се обидовме да одигрaме добро, дадовме отпор, но не беше доволно. Лошо го почнавме мечот, потоа се обидовме да воспоставиме рамнотежа, но тие знаеја да ги искористат нашите грешки и да го решат победникот. Во моментов Германците се за класа подобри од нас,тоа се виде на теренот. Треба да се работи многу, мислам дека не е реално да се очекува дека во моментов ќе ја победиме Германија или Франција, вели Лазаров.
Македонија во вторник игра против Швајцарија, во последниот меч во групата А.
-Ќе имаме малку време за одмор пред мечот со Швајцарија, ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да се обидеме да ги победиме, рече Лазаров.