Латвала ќе мора максимално да ги ангажира ветераните

Тимскиот шеф на Тојота во Светскиот рели шампионат, Јари-Мати Латвала, призна дека е можно осумкратниот светски шампион Себастиен Ожие, да учествува на последните четири трки сезонава.

Позицијата на Ожие може да биде одлучувачка за исходот на битката за светските титули кај возачите и кај конструкторите.

– Битката кај конструкторите е многу тешка, со разлика од само еден поен. Дури и да победите на една трка, не можете да се одлепите поради новиот систем. Сега Кале и Себастиен ќе мора да учествуваат повеќе, ќе разговараме со нив, изјавиЛатвала.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО