Ламин Јамал испиши историја на Европските првенства

Младиот суперталент на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал постави уште еден национален рекорд со самото тоа што беше во стартниот состав за Шпанија против Хрватска на ЕП 2024.

Почетокот на Јамал од воведната минута од натпреварот значеше дека тој стане најмладиот играч кој настапил на натпревар на Европското првенство со 16 години и 338 дена. Она што е уште поинтересно е што ова достигнување доаѓа на денот на роденденот на таткото на фудбалерот Мунир Насруи. Ова беше осми натпревар за крилниот напаѓач за репрезентацијата на Шпанија, со два гола досега за својата селекција.

Вклучувањето на Јамал како стартер е сосема спротивно на фактот дека на спротовната страна капитенот Лука Модриќ, кој настапува за Реал Мадрид, има 38 години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО