Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и на селекцијата на Германија, Филип Лам, вели дека Франција е главен претендент за освојување на победничкиот пехар на Европското првенство (ЕП) летово.
– Тие имаат 40 многу талентирани играчи. Имаат избалансиран состав кој лесно може да се промени. Играчите од клупата би можеле да бидат стартери и да делуваат како прв тим на теренот.
Меѓу фаворитите за највисок пласман се главните европски фудбалски нации. Но, сакам да видам и тим што ќе изненади, „мал“ тим кој ќе оди далеку со поддршка од навивачите, изјави поранешниот дефанзивец на „панцирите“.