„Ла Република“: Никој нема испратено понуда за Осимен

И покрај најавата за негово заминување од Неапол, Виктор Осимен до денеска нема добиено ниту една конкретна понуда, пишува весникот „Ла Република“. 25-годишниот нигериски напаѓач постигна 17 гола на 31 натпревар за Наполи оваа сезона и се зборуваше дека наскоро се сели во Премиер лигата.

Наполи е подготвен да го продаде Осимен ова лето, но има и сума која ја бара за него. Ослободителната клаузула на Нигериецот е од 120-130 милиони евра. Познато е дека Аурелио Де Лаурентис е тежок преговарач и не се очекува да понуди никакви попусти за ѕвездата на тимот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО