Поранешниот НБА кошаркар, Џонатан „ЏЏ“ Редик е новиот тренер на Лос Анџелес лејкерс, пренесува доверливиот инсајдер на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
За Редик кој потпишал четиригодишен договор тоа ќе биде прв ангажман како главен тренер во НБА! Генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка, наводно го ангажирал Редик затоа што ја цени неговата способност да се поврзе со играчите.
Тој смета дека мора Редик да го опкружи со елитни, искусни асистенти за да полесно се адаптира на новата работа. Редик е во добри односи со Леброн Џејмс, најдобриот играч на Лејкерси, за кого не се знае дали и следната сезона ќе остане во Лос Анџелес.
Редик (40) на клупата на Лејкерс ќе го наследи Девин Хем, кој беше елиминиран во првото коло од плеј-офот, од Денвер нагетс. Во текот на 14-те сезони во НБА лигата, настапувајќи за неколку тима Редик се покажа како одличен шутер.
Претходној беше извонреден играч на Универзитетот Дјук, каде што има соборено многубројни рекорди и добиено повеќе индивидуални награди.