Кварацхелија и ПСЖ се договориле, Наполи е на потег!

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија ги договорил личните услови со ПСЖ, објави „Газета дело Спорт“. Според весникот, двете страни се договориле за петгодишен договор, според кој фудбалерот ќе добива 7,5 милиони евра годишно.

Но, Наполи, кој има важечки договор со Кварацхелија до летото 2027-та, не сака да го пушти. Мамука Џугели, кој ги застапува интересите на грузискиот фудбалер, пак објави дека Хвича сака да го напушти Наполи и да се пресели во тим што игра во Лигата на шампиони (ЛШ). Џигели додава и дека Хвича имал вносна понуда од ПСЖ.

Кварацхелија игра за Наполи од 2022 година. Во сезоната 2022/2023, тој стана шампион на Италија, беше прогласен за најкорисен играч во Серија А, како и за најдобар млад играч во ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО